Дескоска: Законот за амнестија за 27 април беше во насока за уставните амандмани

Министерката за правда Рената Дескоска во вечерашното интервју на Канал 5 се согласи дека Законот за амнестија за 27. април се носел во насока за гласање на уставните измени за името.

 

-Случајот со уставните измени е случај каде, видовме, се правеше амнестија на дел од лицата кои учествувале во 27 април, но не во насилство. Тоа е посебен, специфичен случај, закон кој се правеше во насока на уставните измени и јас како човек, како министер и како професор сметам дека Законот за амнестија стави тежок товар врз секторот правда. Тој закон и чекорите кои се преземаа беа чекори кои се преземаа во насока за уставните амандмани. А, ние како Министерството за правда не учествувавме на никаков начин, рече Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега