Костадинов: На повидок нова афера за финансирањето на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Според последните јавно објавени информаци, на повидок е нов скандал, нова афера, поврзана со начинот на финансирање на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за послендите претседателски избори, рече денеска на прес конференција потпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Тој рече дека како што е објавено и како што може да се потврди од Финансискиот извештај, ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.

„Согласно Изборниот законик (член 71) сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.

Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена.

Значи нема законски основ веќе за покривање на овој огромен долг.

Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ и потпсникот на сметката за овие избори, генералниот секретар Игор Јанушев, не го почитувале Изборнио законик.

Повикуваме надлежните институции да извршат детални анализи и да излезат со одговори пред јавноста.

Институциите се на потег. За овој најнов скандал во ВМРО-ДПМНЕ одговороност мора да има“ рече Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега