Обновена зградата на средното училиште во Ростуше

Во општина Маврово-Ростуше денеска беше пуштена во употреба обновената зграда на истоименото средно општинско училиште.

Новата зграда има осум училници и  четири административни простории за што се инвестирани околу 9 милиони денари. 

Денеска на пуштањето на објектот во употреба присуствуваше и министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Тој истакна дека со инвестицијата е зголемен за 100 отсто капацитетот за опфат на ученици.

- Како што ветивме и пред околу 50-тина дена, кога во општината Ростуше  бевме заедно со премиерот Никола Груевски, се заврши санацијата на фасадата на стариот и новоизградениот дел, како и поставување на целосно нова инсталација за централно греење. Министерството за образование наука придонесе и со комплетниот инвентар столчиња и клупи, како и 90 компјутери за наставата, рече Ристовски.

Од своја страна, градоначалникот на Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди, посочи дека со овој современ објект и опремата во него наставниците и учениците добиваат мошне добри услови за одвивањето на наставата.

14.10.2013 - 16:14
Фото: 
Региони.мк