Мицковски за Заев: Колку повеќе губи, толку повеќе „се губи"

Просто неверојатно, колку повеќе губи, толку повеќе се губи и не знае што зборува. Му се ближи крајот во политиката.

Ова го напиша лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски откако вчера на трибина, премиерот Заев истакна за ВМРО-ДПМНЕ дека од секое дрво кавал не бидува.

- Од секое дрво кавал не бива. Ги знаеме кои се, им понудивме заедно да водиме кога требаше крупните прашања да се решваа. Но не, избегаа, немаа храброст, квази патриотите. Понудив заедно да одработиме за реформите, заедно да одработиме за економијата. Не. И тоа одбија. Затоа што ако влезат заедно ќе се види сета лажна слика на нивниот квази патриотизам. Бегаат и до ден денеска. Знаеме и кои се и какви се и нема да им довозлиме да не вратат назад, затоа што се работи за нашата држава и нашата иднина рече Заев вчера.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега