Коцевски: Враќаме стари долгови но и домаќински се однесуваме со парите

Кога ја преземав функцијата градоначалник на Велес, општината имаше долг од 3,4 ,милиони евра долг, создадени со незаконско работење на претходната власт истакна градоначалникот на Велес Аце Коцевски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“.

Тој додаде дека со заштеди со намалување на рошоците за репрезентација за 12,5 пати, трошоците за службени патувања за 2 пати, и за гориво за 1,7 пати општината успева да ги враќа долговите, но и да инвестира во инфраструктурата и во капиталните проекти.
 
Успеавме да реализираме  13 поголеми проекти во вредност од 2,5 милоини евра и тоа за проектот за туристички развој на езерото Младост, подобрување на животот на ромските заедници, комунални проекти, околу милион евра за проекти за патишта, чија изградба е во тек, рече Коцевски.
 
Инвестираме во градот но и во околните села, бидејќи ние градиме едно општество за сите и секој заслужува еднакви услови за живот, истакна Коцевски, најавувајќи дека наскоро ќе започне реконструкција на градскиот пазар и изградба на првата катна гаража во градот.
 
Тој додаде дека Велес е првиот град, кој донесе стратегија за развој како паметен град и одржлива урбана мобилност, по примерот на големите развиени градови.
 
иот пат сме да го задржиме овој курс, кој води напред и убеден сум дека на 12 април нашата држава ќе до продолжи правиот пат заклучи градоначалникот на Велес Аце Коцевски на граѓанската трибина на СДСМ под мотото „На прав пат“.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега