СДСМ: За две ипол години ја зголемивме платата за 60 отсто

Како одговорна партија пред граѓаните, продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат повисоки плати и повеќе пари во семејствата. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за минимална плата, велат преку соопштение од СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека минималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари.

„Веќе со декемвриската плата околу 90.000 граѓани ќе добијат покачување на месечните примања.

Тоа е зголемуваме за 5.500 денари или над 60 отсто на минимланата плата за само две и пол години.

Со новото зголемување на годишно ниво дополнителни 66.000 денари ќе завршуваат кај граѓаните кои земаат минималната плата.

Ова е уште една мерка која има за цел да обезбеди повисоки плати, но и да го намали економскиот јаз.

Дополнително, парламентарното мнозинство гo усови и предлог Законот за субвенционирање на придонесите од задожителното социјално осигурување.

Придонесите за задожителното социјално осигурување ќе бидат субвенционирани за сите прептријатија кои ќе им ја покачат платата на своите вработени до 6.000 денари.

На прав пат сме.

Остануваме посветени на раст на платите и повисок животен стандард за сите граѓани“ се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега