ВМРО-ДПМНЕ: Наместо лагите и манипулациите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди сигурност и развој

„Зоран Заев и СДСМ ги лажат граѓаните како што ги лажеа пред изборите во 2016 година. Наместо лагите и манипулациите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди сигурност и развој“ велат во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ утринава.

Во соопштението наведуваат дека нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ по изборите ќе ги укине даноците за младите до 29 години кои заработуваат помалку од 6000 евра годишно. Наместо квази мерки, ние нудиме применливи решенија.

„СДСМ се што прави изминатиов период се сведува на лажење. Најголема лага и измама е со просветните работници кои наместо 36.660 денари пресметана согласно новата минимална плата ќе земаат за 10.000 денари помала плата.

Зоран Заев и СДСМ ги лажат просветните работници и не им кажуваат дека со закон и Колективен договор им следува плата од 36.660 денари, и наместо законски предвидените средства им даваат многу помалку.

 Власта врши измама и врз пензионерите на кои им зема 1500 денари изминативе години, за сега да им даде само 700 денари.

СДСМ ги лаже сите категории граѓани. Како што ги лажеше во 2016 година.

Најизиграни граѓани се земјоделците на кои им беше ветуван сигурен откуп и високи откупни цени, а останаа без ништо.

Зоран Заев и СДСМ се прочитани од граѓаните. На 12 април ќе отидат во опозиција. По 12 април следува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“ велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега