СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години ги газеше новинарите а сега глуми загриженост

Како демократска, одговорна партија СДСМ осудува секаков вид насилство, особено врз новинари и медиуми работници. Ова денеска го велат од СДСМ.

- За жал, последниот случај со напад на новинари е уште еден показател за лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Иако случајот е пријавен во МВР, иако еден од новинарите јавно кажа дека нападот бил поради недоразбирање и немал никаква врска со нивниот ангажман како новинари, лицемерното ВМРО-ДПМНЕ не пропушти прилика да го злоупотреби овој немил настан во дневнопартиски цели. Нема поголемо лицемерие и неодговорност од тоа ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за статусот на новинарите, кога владеењето на оваа партија беше најцрниот период за новинарите и медиумите. Граѓаните многу добро паметат како ВМРО-ДПМНЕ ги третираше медиумите и новинарите. Не беше одамна кога партиски злоупотребени институции вршеа упади по телевизии, кога се апсеа и затвораа новинари, кога членови на младината на ВМРО-ДПМНЕфизички напаѓаа новинари и при тоа јавно се фалеа со видеа, кога им се испраќаа погребни венци на новинари, велат СДСМ.

Сето тоа заврши со крајот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Денес новинарските слободи и права се заштитуваат и унапредуваат. Денес се постапува по секој напад врз било кој новинар а веќе има и правосилни судски пресуди.

- Заврши времето на репресија врз новинарите и медиумите. Денес државата постојано напредува на листата на медиумски слободи и тоа ќе продолжи и во иднина. Граѓаните нема да дозволат обнова на темното минато кога режимот на ВМРО-ДПМНЕ апсеше новинари и затвораше медиуми, додава владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега