Африм Гаши се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши, заедно со Генералниот Секретар, Скендер Реџепи – Зејди, денес остварија средба со италијанскиот Амбасадор во Скопје, г. Карло Ромео.

На средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, предвремените парламентарни избори во 12 април и евроатлантскиот процес на земјата кон НАТО и ЕУ, пренесуваат од партијата.

Италијанскиот амбасадор, Ромео, му се заблагодари на претседателот Гаши за посветеноста и конструктивноста на Алтернатива во евроатлантските процеси на земјата. На крај двајцата се соогласија дека ваквите пријателски средби треба да продолжаат и во иднина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега