Со евидентни листови на месечно ниво ќе се следи работата на вработените и институциите од јавниот сектор

Со измените на Законот за административни службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор се предвидува воведување евидентни листови со кои на месечно ниво ќе се следи ефикасноста на работа на институциите и на вработените.

– Ова е една мерка која сметам дека е од заемна корист и за вработените и за институциите затоа што документирано ќе се работи што значи дека на вработените не ќе може да им се дава работа која е надвор од нивните надлежности, но соодветно даваме можност да бидат и платени доколку имаат зголемен обем на работа. Сметам дека овие измени кои во следните неколку недели ќе влезат во процедура, ќе промогнат заедно со законот за високораководна служба да имаме една поинаква слика за јавниот сектор, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Законот за високораководна служба, според најавите на министерот, веќе следната недела влегува во процедура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега