Стартуваше теренската вежба „Македонски Блесок-9“

 

Во Центарот за обука „Пепелиште“ денеска стартуваше теренската вежба „Македонски Блесок-9“.

Свое обраќање пред присутните имаше заменик-командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Мухамет Рацај  кој истакна дека се работи за задача од врвен приоритет од што ќе произлезе самооценување Ниво 2 на Средната Пешадиска Баталјонска Група и НАТО оценување Ниво 1 на Лесната маневарска болница. Како што соопштува, на вежбата и претходеле долги подготовки за  да се изврши обука и извежбување во разни ситуации, согласно листата на задачи на НАТО при изведување на операциите за поддршка на мирот, со што оваа вежба ќе биде една од најсложените и најголемите вежби досега.

Во „Македонски Блесок-9“ ќе учествуваат 1.700 припадници на АРМ, а станува збор за жива вежба со единици на терен базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот предводени од НАТО/ЕУ, а под мандат на ООН, со која треба да се демонстрира обученоста и целосна интероперабилност со Армиите на земјите-членки на НАТО.

14.10.2013 - 14:36
Фото: 
Скопјеинфо

најчитано сега