Со видео конференции до подобар третман на пациентите
Од наредната недела во Македонија започнува да се спроведува првата фаза на проектот „Телемедицина“ со која докторите и нивните колеги од Универзитетските клиники ќе разменуваат знаење и искуства со помош на аудио и видео врски, пренесе Курир.
Во текот на оваа недела, доктори од Тетово, Штип, Струмица, Велес и Битола треба да лоцираат пациенти кои планираат да ги испратат во Скопје за понатамошен третман на болеста, за што преку аудио и видео врски ќе се поврзат со докторите од клиниките од 7:30 до 12:00 часот за докторите заедно да проценат дали пациентот треба да биде испратен во главниот град или треба само да му се продолжи терапијата.
Целта на проектот кој ќе започне да се спроведува наскоро е да се намали бројот на пациенти кои се испраќаат во Скопје, да се скрати трошокот кој пациентите го имаат и да се овозможи трансфер на знаења и вештини.