Дачиќ очекува подобрување на односите со Албанија

Српскиот премиер Ивица Дачиќ очекува дека Италија ќе посредува во преговорите за евентуална посета на албанскиот премиер Еди Рама во Белград.

„Премиерот Еди Рама изрази желба да ја посети Србија и ние прифативме“, изјави Дачиќ за италијански медиуми.

Тој се надева дека Италија може да помогне во тоа благодарение на своите традиционално добри односи со Тирана и дека Србија прави големи напори во областа на регионалната соработка и помирувањето.

 

„Односите меѓу земјите во регионот никогаш не биле подобри“, изјави српскиот премиер, истакнувајќи на новите партнерства што Србија ги договори со Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

14.10.2013 - 12:26

најчитано сега