Ваучери за најдобрите бизнис планови
Министерството за економија денеска ќе ги прогласи најдобрите четири бизнис планови во рамки на проектот „Организирање натпревар за започнување бизнис“. Како што информираат од Министерството, целта на проектот е да се поттикне претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отворање сопствен бизнис.
Прогласувањето ќе се одржи денеска во хотелот „Александар Палас, а ваучерите за најдобрите четири бизнис планови за 2013 година ќе ги додели министерот Ваљон Сарачини.
На настанот ќе присуствуваат и ректорите на УКИМ Велимир Стојковски и на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети.
14.10.2013 - 10:28