ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на Советот на општина Кичево

 

Во Кичево денеска се одржа 26. седница на Советот на општина Кичево , на која пред да се усвои дневниот ред , кординаторот на советничката група на ДУИ , Ардита Дани побара да се додаде нова точка на дневниот ред  во врска со едно барање од приватно лице за измена и дополнување на урбанистичкиот план.

По усвојувањето од страна на мнозинството реагираше кординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Дејан Пандилески кој рече дека од принципиелни причини или поточно од како што рече, фактот дека не се почитува опозицијата.

-Без да поминат на комисиска расправа се уфрлуваат точки на дневниот ред,  со тоа ние се заобиколуваме, иако и ние како што рече тој сме избрани од граѓаните, рече Пандилевски, по што сите пет советници на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија работата на Советот.

Во продолжение по објаснувањето од страна на советничката на ДУИ Ардита Дани дека оваа точка била еднаш помината на Советот, но овој пат се бара трошоците да си ги сноси самиот инвеститор на објектот, а не општината, следуваше гласање и со 17 гласа „за“, без ниту еден против се усвои оваа точка на дневниот ред.

На истата седница се усвои и кварталниот извештај за извршување на буџетот на општината. Станува збор за третиот квартал. Се усвоија и предлог-одлуки за измена и дополнување на урбанистичкиот план, претежно барања од приватни лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега