Васев: Мицкоски може да се надева само на пораз на 12. април

Додека СДСМ и сите прогресивни партии работат на интеграција во ЕУ и НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат припојување со други држави. Ова го вели Васев од СДСМ.

- Додека државата се гради како едно општество на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште ги плашат граѓаните со наводни федерализации, кантонизации и распад на државата.
 ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против граѓаните, поритв државата, против Македонската православна црква и против концептот едно општество за сите. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски. Високи функционери на партијата, членови на Извршниот комитет, меѓу нив и Иванка Василевска се уште го бранат и оправдуваат насилството од 27 април во Собранието кога беше извршен обид за убиство на пратеници и беше загрозен уставниот поредок. Тоа е обновата на режимот, обновата на поделбите, изолацијата која ја нудат Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, вели тој.

Додава дека со таква понуда, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12 април.

- Граѓаните, државата се определени за напредок, развој и интеграција. Нема да дозволат Мицкоски, Василевска и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темните улички на минатото, државата продолжува на прав пат, вели Васев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2019 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега