„Достоинство“ ја напушти коалицијата "Сојуз на иднината"
Партијата „Достоинство“ денеска обелодени дека ја напушта коалицијата со "Сојузот на иднината". Како што соопшти претседателот на партијата, Стојанче Ангелов, причина за оваа одлука се различни ставови со претседателот на СДСМ, Зоран Заев и други политички партнери за повеќе политички прашања.
-„Посебно сме задоволни од начинот на раздружување со СДСМ и останатите партии од Сојузот на иднината, зашто раздружувањето на се случува како што е вообичаено кај нас, туку со еден висок тон на демократска култура и взаемно почитување" соопшти Ангелов.
Исто така, Ангелов соопшти дека „Достоинство" нема да се откаже од својата цел и ќе продолжи да го докажува својот патриотизам.
13.10.2013 - 13:13
Фото:
Плусинфо