Маричиќ: Македонија стана земја-кандидат кога СДСМ беше на власт и потоа со ВМРО-ДПМНЕ само назадуваше

Техничкиот преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека Македонија сега се наоѓа во група со Албанија поради десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Тезите на ВМРО-ДПМНЕ не соодветствуваат со изјавите на сите европски лидери. Јункер, Туск, скоро сите премиери тоа го нарекоа историска грешка на ЕУ. Таква самокритичност досега ЕУ немала кон себе. Македонија во 2005 година кога СДСМ беше на власт доби статус земја кандидат за членство и беше во група со Хрватска. Потоа кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, од 2009 година еве нека биде, Македонија само назадуваше и ја поминаа и Србија и Црна Гора. Ете затоа сега сме во група со Албанија, рече Маричиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега