СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека нивната обнова е обнова на поделби, омраза, криминал и насилств

Ставот на Александар Николовски е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо осваен обнова на режимската матрица, одбрана на криминалот и обнова на омразата и поделбите, велат во реакција од СДСМ.
 
„ВМРО-ДПМНЕ режимска преку потпретседателот Николовски уште еднаш повикува на нова десороизација на нов апресметка со граѓанскиот сектор, нов 27 април и нов крвав четврток.
 
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никаков план и програма, тие само сакаат да се врати режимот кој вршеше притисоци врз невладините организации, сееше имраза и поделби меѓу граѓаните, повикуваше на линч и заговараше „чисти“ држави.
 

 

Ништо не е сменето во белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во режимската, антидржавна матрица. Затоа ќе загубат на изборите на 12 април, кога граѓаните уште еднаш ќе ги поразат нивните деструктивни политики“ стои во реакцијата на СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега