Борисов: Му реков на Заев да не дава оставка

Ништо не е одлучено, само е одложено. Забележана е огромната работа што ја направиле колегите во Северна Македонија и Албанија.  Ова го изјави премиерот Бојко Борисов во Брисел, каде што се одржува самитот.

-„Да, несомнено постои страв од проширување. Но, огромното мнозинство на земји се за „овие две земји да ја добијат својата перспектива", вели тој.

Додава дека Бугарија отсекогаш давала поддршка.

- „Отсекогаш сме и давале поддршка, Заев направи многу работа и има уште многу да се направи. Му реков на македонскиот премиер да не поднесува оставка“, рече Борисов додавајќи дека Северна Македонија е многу емотивна и вложила голем напор.

„Ниту една земја досега не го сменила своето име“, додава тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега