Неверојатно: По 63 години врска го кажале судбоносното "Да"

Луз и Луис од Уругвај по 63 години врска конечно се решиле пред семејството и најблиските да го кажат судбоносното Да. Невестата има 89 години, додека младоженецот 90, но тоа не ги спречило да стапнат на лудиот камен.

- Планиравме долго време да направиме свадбена церемонија. Одбравме романтично место. Попот рече дека сме најромантичниот пар кој го видел, велат старците.

Двајцата велат дека не е потребен рецепт за среќен живот ако љубовта е силна и вистинска.

12.10.2013 - 13:03

најчитано сега