Седум икони од Струшко на листата на украдени црковни предмети
Седум икони од струшкиот регион се најдоа на листата на повеќе од илјада вредни икони и други црковни предмети, кои беа пронајдени деновиве кај двајца албански државјани.
Се работи за икони на Богородица, Исус Христос и Свети Никола од црквата „Свети Никола“ во селото Радожда, иконата на светецот Атанасиј Велики во црквата во селото Буринец, две престолни икони на Исус Христос и Богородица од црквата во Селци, како и икона од Исус Христос во селото Модрич.
И директорот на Заводот и музеј „Д-р Никола Незлобински “ од Струга, Сашо Цветкоски, потврди дека споменатите икони се наоѓаат во Албанија и се наменети за продажба на нелегалниот пазар.
- Упеавме да идентификуваме со стопроцентна сигурност дека се работи за седумте украдените икони. Тука останува простор дека и многу повеќе икони ќе идентификуваме, но што поскоро излезат наши стручни лица на лице место и го погледаат материјалот што таму достапен, верувам дека ќе имаме успех и ќе идентификуваме многу повеќе предмети. Сите наши предвидувања и претпоставки дека сето тоа заминува во Албанија, сега се остварија, појасни Цветкоски.