Пијан паднал од осми спрат и преживеал!

Пијан Русин преживеал пад од осми кат. Како што пренесуваат руските медиуми, пијаниот маж од Русија, изгубил рамнотежа додека стоел на својата тераса на 8 спрат, паднал, но за среќа завршил врз автомобил со што си го спасил животот.

Неверојатно, но Русинот по падот од осми кат успеал да се исправи на нозе, но за разлика од него автомобилот не поминал добро бидејќи е речиси целиот оштетен.

Русинот бил веднаш префрлен во болница, а докторите велат дека е во добра здравствена состојба.

11.10.2013 - 15:15

најчитано сега