Поради Шиповиќ нов бојкот на СДСМ во Собранието

Социјалдемократите повторно ја бојкотираат работата на собраниските тела. Поради притворот кој го доби Мирослав Шиповиќ во аферата Претседавач, лидерот Заев денеска од Струмица најави дека нговата партија ќе го замрзне учеството во работното тело за 24 декември. 

„Социјалдемократскиот совет нема да молчи за она што се случува и за пораките кои власта ги испраќа кон сите граѓани. Ова ново притворање е исто така демонстрација на сила и страв пред граѓаните. Тврдат дека предметот е отворен повеќе од три години, а името на предметот е „Претседавач“, а знаеме дека г-динот Шиповиќ е претседавач само четири месеци на Советот на општина Центар и само по себе тоа кажува каква е намерата на власта. 

За во недела ние ги свикавме сите органи на партијата со сите претставници на високи партиски и општествени функции од СДСМ, каде што ќе донесеме одлуки за наши идни активности.

Едно е сигурно, веднаш ќе ја замрзнеме работата, односно нашето учество во работата на работната група во парламентот, оти дефинитивно нема смисла, таа работна група има за цел да ги спроведе препораките од извештајот од 24 декември за да не се повторат вакви работи.

Денеска, повторно власта  продуцира вакви работи, а секако ќе разгледаме уште многу демократски мерки кои што ни стојат на нас како опозиција за имплементирање. Наша задача е да застанеме на пуштањето на сила и страв од страна на власта кон сите граѓани во ова општество.

 

Опозицијата е овде, ќе ја одигра својата заштитничка улога и воопшто немаме предрасуди, дека ова што се случува со непочитувањето на презумпцијата на невиност, директниот атак од страна на централната власт врз локалната власт ќе има своја рефлексија каде што СДСМ како најголема опозициона партија нема намера слепо да молчи и буквално да не реагира ништо“ - изјави Заев

Ова не е прв пат СДСМ да ги бојкотира институциите откако нивен функционер ќе биде осомничен за криминал. На слични ситуации јавноста сведочеше кога Бучковски беше осомничен за аферата Тенковски делови и Заев за аферата Глобал. Опзицијата предводена од партијата од Бихаќка го бојкотираше Собранието и при асењето на сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамкоски за аферата Пајажина.

11.10.2013 - 13:46

најчитано сега