Обама започна преговори за буџетот на САД

Синоќа американскиот претседател Барак Обама започна сериозни преговори за буџетот на САД. За таа цел синоќа тој одржа средба со 20-ина водечки републикански конгресмени, предводени од спикереот на Претставничкиот дом Џон Бојнер, на која не бил постигнат договор.

- Претседателот не кажа да, не кажа ниту не, изјави конгресменот Пол Рајан, по средбата.

Во текот на вчерашната средба, Републиканците дадоа предлог со кој бараат за неколку недели да се дозволи и продолжи задолжувањето на САД, на кои освен буџетската блокада им се заканува и многу посериозен проблем до крајот на октомври да останат без пари и без можност да се задолжуваат.

- На повеќето Американци им е преку глава. Затоа имаме само 28 проценти поддршка, изјави републиканскиот сенатор Џон Мекејн.

Според анкетите рејтингот на претеседателот Обама забелжа пад и се движи меѓу 37 и 43 проценти.

 

11.10.2013 - 10:58

најчитано сега