СДСМ: Укинати се квовите за лекови на рецепт, преку конкретни мерки го унапредувме здравствениот систем

СДСМ продолжува да реализира конкретни мерки кои обезбедуваат подобри услови и подобар живот за сите граѓани, велат од СДСМ преку соопштение.

Од партијата велат дека исполнето е ветувањето за укинување на квотите за лекови на рецепт.

„Граѓаните ќе можат да го подигнат соодветниот лек во која било аптека, кој било ден од месецот.

Оваа мерка директно влијае да се намалат турканиците и паниката на граѓаните кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец, а воедно ги зголемува контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување.

Го враќаме достоинството на здравствените работници и ја зголемуваме грижата за пациентите.

Се унапредува целокупниот здраствен систем како и условите во болниците.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што го унапредуваат здравствениот систем и грижата за сите граѓани“ се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега