Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо со метла против отпадот, направи метла на градскиот буџет за 16 милиони денари

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје реагира на недомаќинското и непланско трошење на парите на скопјани и Градскиот буџет при набавката на контејнерите и опремата за собирање на смет, каде што можеше за истата сума на пари да се купат многу повеќе средства за третирање на отпадот, велат од таму преку соопштение.

„Имено Градот Скопје набави опрема за ЈП Комунална Хигиена, возила и канти за смет што е редовна работа на еден градски татко.

Вредноста  на набавката според медиумите е 1.5 милиони евра или околу 90 милиони денари од буџетот на градот Скопје. На истата набавка мора да се плати ДДВ во вредност од 18% или околу 16 милиони денари.

Ако парите преку Советот на Град Скопје се префрлеа на Јавното Комунално претпријатие и тоа со сопствени средства ја набавеше опремата за набавка на сметот, немаше да се плати ДДВ бидејќи тоа е основна дејност на претпријатието. Со ваквиот потег Петре Шилегов го оштетил Градот Скопје и Скопјани за 16 милиони денари, пари кои можеа да се искористат за набавка на додатна опрема за смет.

Ова отвора дилеми дека и зад она што во јавноста Шилегов и Јанчева го продаваат како револуционерен потег всушност се крие оштетување на буџетот и можна корупциска афера.

Шилегов наместо со метла против отпадот, тој направи метла на градскиот буџет, олеснет за 16 милиони денари.

2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа“ велат во соопштение од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2019 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега