Беџети: Чекаме одговор за екстрадицијата на Демири, Исмаиловиќ и Хаџиски
Министерот за правда на Македонија, Блерим Беџети, во интервју за Македонската информитивна агенција изјави дека во текот на оваа година има вкупно 87 предмети за лица кои се бараат во странски држави по потерници од Република Македонија.
- За Миле Хаџиски доставено е барање за екстрадиција до Република Франција, но официјален одговор ниту од Министерството за правда на Франција, ниту од амбасадата на Република Македонија во Париз, ниту од Министерството за внатрешни работи не е добиен. Доколку екстрадицијата биде дозволена со правосилна одлука, Министерството за правда веднаш ќе го организира спроводот, како што се прави со секоја екстрадиција, рече Беџети.
Според министерот за правда, за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ побарана е побарана е екстрадиција од Република Косово со писмо од 15-ти мај годинава. - Комплетна документација и за двајцата е доставена до Министерството за правда на Република Косово, но одговор од Косовските власти по ова барање до овој момент нема, додаде Беџети во интервјуто за МИА.
Исто така, во врска со измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка, Беџети рече дека тие ќе бидат само во насока на отстранување на лоцираните слабости и недоречености во Законот.
- Ова значи, дека предложените решенија нема да го менуваат концептот на Законот, ниту ќе се предлагаат нови дополнителни решенија. Работната група, и по изолационата сесија продолжува со работата во Министерството за правда, за што се очекува набргу финализирање на предлогот, додаде министерот во интерјуто за МИА.
Беџети
во врска пак со случајот Ликвидација и судењето на новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски, вели дека министерството за правда како и за другите судски постапки така и за случајот Кежаровски во рамки на своите овластувања и надлежности ја следи законитоста и правилната примена на законите од аспект на стручен пристап од страна на судовите што ги водат постапките.