Грчева: Македонија плати огромна цена за влез во НАТО

Солза Грчева од партијата „Глас за Македонија“ во вечерашното гостување во „24 анализа“ со Сеад Ризвановиќ, истакна дека посетата на Мајк Помпео доаѓа да ја зацврсти стратегијата за пристап кон НАТО. Таа смета дека Македонија платила огромна цена за влез во НАТО и неговото присуство го толкува како давање надеж за влез на Македонија во НАТО, но земјата нема така брзо да влезе и во Европската Унија.

„Тој пат ќе биде трновит. Ова е повторна игра на морковот пред да заигра стапот, пред да се освестиме дека дури и да добиеме датум за преговори, ние сме далеку од подготвени за да преговараме со Унијата.“  потенцираше Грчева.

Таа го спореди овој процес со рекетирањето. Вели дека НАТО е сојуз кој зад себе има многу војни, а ние сме дале се што не треба да дадеме заради членството во тој сојуз.

„Ова ми наликува на рекетирање. Некои ве рекетира, вие сте фирма и ви вели, јас ве заштитувам. Од кого. Од нас? Е тоа е НАТО, сојуз кој посеа многу војни и смрт насекаде.“ - истакна Грчева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2019 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега