ВМРО- ДПМНЕ: Владата на СДСМ го урниса здравствениот систем- царува државната мафија

Владата на СДСМ го урниса здравствениот систем. СДСМ во здравството од реформи донесе хаос, скандали и матни тендери. Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести кои се третираат со едноставни терапии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во здравството на Република Македонија царува државната мафија. За тоа доказ е и кривичната пријава против Дончев, Филипче и Кичеец каде што се обвинуваат дека тие спречуваат продажба на македонска приватна компанија, или пак сакаат да имаат удел во продажбата, стои во реакцијата и се додава:

„СДСМ уште еднаш докажа дека воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните туку се грижи нивното лично богатење. Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. Време е СДСМ и Филипче да си заминат“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа