Знамињата веќе не се веат гордо!!

 

Зијадин Села ни ја раскажа играта… Онака мангупски, како што учел од неговиот лидер, тетовскиот фраер и ценител на скапи одела  Мендух Тачи. Од невладината „Каприкорн“ ќе стават знаме, а позади нив батките од Комунално, ќе го симнат. На следниот јарбол или бандера, пак истото… Едните се Македонци, а другите се службеници во македонска општина, ама на тие вторите кур не им чуе за македонското знаме. Тие си имаат нивно и нивното за разлика од нашето е редовна појава во градот на Миладиновци. Нашето е фенси за на други локации… Например на место, каде на никого нема да му бидат повредени рамковните чувства…

Дојдовме до ситуација да биде вест поставувањето на македонско знаме во Струга. Испадна дека повторно Мендух Тачи е во право . Пред некое време тој ни кажа дека војната меѓу Македонци и Албанци не завршила. Ни кажа дека таа се води underground ама не мислеше на криминалните групи од двете страни туку меѓу редови ни кажа дека војната е скриена и кочан ладна исто како радиаторите на Топлофикација Скопје. После Тачи истакна дека погрешно му ја превеле изјавата… Може човекот право у очи ни ја кажал состојбата, а од преведеното изглеаше дека ни праќа скриена порака. Јас многу ги ценам отворените играчи. Градоначалникот на Струга, господинот Села е токму тоа, отворен играч. Ни се закани дека ќе го запали парламентот, а сега и го прочистува неговиот град од македонските знамиња, како истите да не се државно знаме туку воен атрибут поставен пред неговата тераса за да го провоцира.

Целио пост прочитајте го на блогот Блоготомија

Категоријата БЛОГЕРАЈ има за цел да ја развива слободната мисла и да ги поттикне читателите својот став да го искажат јавно. Се превземаат главно теми поврзани со политката, социјалата и актуелните настани. 
Редакцијата на Press24 го превзема само воведот на авторот, а за целиот текст читателите ги упатуваме на оригиналниот линк. Редакцијата на Press24 не секогаш ги дели ставовите со оние на авторот на постот.
Сите заинтересирани блогери кои сакаат нивниот пост да биде објавен во оваа рубрика може да го контактираат уредникот на aleksandar@press24.mk

 

10.10.2013 - 21:29

најчитано сега