Јовановски: Кога ќе пораснам, не сакам да бидам Владимир Лазовски

Актерот Владо Јовановски и оперскиот пејач Игор Дурловски реагираа по објавата на Фејсбук од заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, во која, иако не го именува, алудира на учеството на Јовановски во театарската претстава „Бесачи“.

„Не така оддамна, во едно лошо време, бевме под закана од гумени куршуми, бетонски плочи, БЕСЕЊЕ, убиства, ликвидација… Истите тие заканувачи денес слободно можат професионално да креираат и да се изразуваат без никаква реваншистичка закана од нивните довчерашни жртви. Заедно, под ист покрив, во ист проект, на иста претстава под ист наслов, со ужасно вистинита последна реплика. Ние тоа го гледаме и разбираме. Се надевам и вие. Но, очајнички тешко се соочувате со тоа“, напиша Лазовски.

„Кога ќе пораснам, не сакам да бидам Владимир Лазовски“, возврати Јовановски.

„Не така одамна, во едно лошо време Владо Јовановски беше жртва на политички прогон. Денес #бесачите можат слободно да се изразат на ФБ извртувајќи ги фактите дека жртвата е насилник.

Владо е глумчиште, во мала улога беше голем, вам ви преостанува да пливате во океанот од измет кој сами си го создадовте.

Брилјантни на сцена и Камка, Дарја, Никола“, напиша Дурловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2019 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега