Адеми нема да ги одземе надлежностите на градоначалникот на Гази Баба кој одби да се отвори албанска паралелека во Идризово

Арбер Адеми нема да му ги одземе надлежностите за образование на градоначалникот на Гази Баба, кој одби да се отвори паралелка на албански јазик во О.У “Његош“ во Идризово, пренесе Алсат-М

„Министерот за образование, во еден сегмент може да му ги одземе надлежностите за на еден  градоначалник, ако тој не не ги почитува законските одредби при разрешување и именување на директори на основните училишта. Ако не ги испочитува одредбите за исполнување на финансиските обврски што се однесуваат за училиштата и во други аспекти. Но, прашањето за организирање на наставата во општината тоа е надлежност на општината и образзовните субјекти“-изјави Арбер Адеми, министер за образование.

Родителите настојуваат да се отвори паралелка на албански јазик во Идризово каде треба да учат 11 ученици од шесто одделение. Тие велат дека децата нема да ги пуштат на училиште, а за ова одговорност треба да сноснат надлежните институции. Адеми за ова одговорност бара од институциите кои, како што вели, носат несериозни одлуки.

„Мислам дека тие што носат неодговорни одлуки треба да понесат одговорност за тие одллуки“, рече Арбер Адеми, министер за образование.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2019 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега