Не е забрането да се внесе боја за коса, тврдат надлежните откако Боки 13 се појави со бојадисана коса на распит

Кој му ја бојадисува косата на Бојан Јовановски – Боки 13 во затворот во Шуто Оризари, е дилемата што се отвори на социјалните мрежи, откако тој утринава се појави со бојадисана коса на распит во Обвинителството. На коментарите од типот дека постои сомнеж дека некој му помогнал на Јовановски да внесе нелагално хемикалии во затворот, надлежните велат дека тој има право да се грижи за својот изглед и хигиена и во вакви услови. Директорот на управата за извршување на санкциите, Јовица Стојановиќ, вели дека нема ништо спорно во тоа да се внесуваат бои за коса во затворот, како дел од приборот за лична хигиена, пренесува „А1он.

„Ако нешто претставува ризик по здравјето на притвореникот или затвореникот тогаш тоа се прави под надзор“, вели Стојановиќ.

Од затворската управа на Шуто Оризари не сакаа да коментираат за тоа кој се погрижил за фризурата на Јовановски , велат дека ваквите коментари се неиздржани и некоректни.

„Не знам од каде ви доаѓаат вакви прашања. Како се фарбаат жените во затвор, сте се прашале ли? Се мајтапите со државата, има многу поважни работи за кои треба да се пишува, а вие за косата на Боки се фативте. Ве упатувам да ви одговори тој што објавил, има тој искуство од затвор, нека каже кога престојувал кој го фарбал и средувал“, вели директорот на затворот во Шуто Оризари“, Есад Рахиќ.

Инаку, Бојан Јовановски веќе трет месец е во притвор во затворот во Шуто Оризари и досега јавно се пожали на лошиот однос на чуварите во затворот, кои го исмејувале поради здравствениот проблем со желудникот по двете извршени интервенции за слабеење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2019 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега