Дескоска: Чија одговорност ќе утврдува анкетната комисија? Јанева е разрешена и од СЈО и ОЈО Гевгелија

Mинистерката за правда, Рената Дескоска, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за барањето на опозицијата за формирање анкетна комисија во Собранието за увид во работата на СЈО.

Дескоска рече дека го видела барањето и го карактеризираше како конфузно и депласирано, бидејќи надвор од мандатот на Собранието е да се разгледуваат јавнообвинителски постапки кои се водени.

„Вие анкетна комисија формирате за да испитате постоење на основи за одговорност на носител на одредена функција. Која одговорност и на чија одговорност сега би разгледувале? Катица Јанева сега е целосно разрешена, не само од обвинител на СЈО, туку и генерално општо, таа не може да се врати ни како обвинител во Гевгелија. Значи, немате обвинител за чија одговорност можете да расправате“, рече Дескоска.

Таа вели дека поради правото јавноста да знае во законот била ставена обврската за шестмесечни извештаи на СЈО до Собранието, што и се случуваше.

„Има простор државните органи коишто се надлежни за финансиското работење на сите институции да си ги спроведат своите надлежности во СЈО. Постои Државен завод за ревизија на којшто никој досега не му забележал во објективноста на извештаите“, рече Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега