Извадени шини прегазен човек и голема паника - бизарна несреќа на влезот на Скопје
Патниците кои денеска биле во возот Гевгелија - Скопје, денеска преживеале неверојатна “авантура“.
Според Канал 5, возот прво застанал пред Зелениково и чекал 50 минути бидејќи се менувале шините на пругата. Само 10 минути откако тргнал од Зелениково, возот удрил во количка за сечење на дрва управувана од засега непознато лице. Лицето заработило полесни повреди и е надвор од животна опасност.
Возот бил оштетен од несреќата и не бил во функција. Патниците биле префрлени во автобус со кој од Драчево стигнале до центарот на Скопје.
10.10.2013 - 14:44
Фото:
Денешен