Цуцуловски: Кој ѝ брани на Бугарија да ги слави Делчев, Груев, Сандански?

Нејасно е (макар е јасно) зошто бугарската држава инсистира македонските револуционери и просветители да се слават заеднички. Имено, кој ѝ брани на Бугарија да ги слави Делчев, Јане, Ѓорче, Дамјан…? Нека ги слави до бесознание и секој Македонец би бил горд кога би видел како бугарските политичираи им одаваат почит на македонските великани. Меѓутоа, бугарската политика бара да бидат славени з а е д н и ч к и. Барањето е (веројатно) во согласност со чудовишната теза ‘Еден народ, две држави’. Тезата воопшто не е наивна, бидејќи, според логиката на нештата, лесно може да дојде до наредната фаза – ‘разделениот’ народ да се обедини во една држава, по примерот на Германците или Виетнамците. П.С. Би било добро, на пример, бугарските политичари да кажат колку пати го посетиле гробот на Сандански во близината на Роженскиот манастир, за да ја манифестираат нивната грижа за македонските великани. За грижата говори приложената фотографија“, пишува Цуцуловски, за потоа во друг пост да се надоврзе:

„УСЛОВЕНА НЕУСЛОВЕНОСТ. После Грција, Република Бугарија почна да го условува влезот на Македонија во ЕУ и НАТО. Во тој поглед, најистакнати бугарски политичари се Бојко Борисов, Красимир Каракачанов и, во поново време, претседателот на Бугарија Румен Радев, некогашен воен пилот во армијата на Тодор Живков. Според него, Македонија ќе добиела (sic!) безусловна подршка за влез во евроатлантските структури, ако претходно исполни (sic!) неколку услови, поврзани со историјата. Тоа му доаѓа како безусловена условеност или условена безусловност. Така, сега Македонија е условувана и од Бугарија, како резултат на мудрата, паметна, кооперативна и добрососедска политика на македонските власти – нормално, кога би се шегувале. И, само така, Македонија ќе оди напред со помош на котвата“, напиша Цуцуловски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега