Османи до Села: „Зборува само глупости“

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вчера рече дека има сознанија оти во материјалот за скандалот „Рекет“ има „бомби“ и против вицепремиерот Бујар Османи, па затоа, како што вели, овој случај нема да дочека исход. Османи жестоко ги отфрла тврдењата на Села, додавајќи дека претседателот на Алијанса во последно време „зборува само глупости“, пренесува ТВ21“

-Мене искрено ми е жал што овој човек во последно време зборува само глупости. Не ги знам мотивите. Не знам кој му е проблемот. Можеби е во прашање љубомора за успехот на европската агенда и тоа ги вознемирило сите противници на напредокот на оваа земја или можеби има потреба за внимание од јавноста-вели Османи.

Запрашан дали е сигурен дека неговото име не се спомнува во „бомбите“, Османи ни одговори дека „тоа се будалштини“. Вчера, на брифинг со новинари, Села изјави дека има сознанија оти постојат разговори каде притворената Катица Јанева тврди дека има стотици докази за Бујар Османи.

-Имам информации дека во разговорите меѓу Катица Јанева, има и разговори од типот „дали има докази за Бујар Османи?“, а одговорот е „стотици“. Потоа имаат и неколку наредби од Обвинителството – што да изјави господинот вицепремиер за евроинтеграции-изјави Села.

Во скандалот „Рекет“ досега осомничени се три лица кои се во притвор, Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски-Кичеец и специјалната обвинителка, Катица Јанева како третоосомничена. Обвинителката Вилма Рускоска, досега на распит повика неколку функционери во својство на сведоци, меѓу кои и двајцата пратеници на СДСМ, Александар Кирацовски и Фросина Ременски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега