Михајловски по лидерската: Заев не исполни ништо освен дека ќе јаде живи луѓе

Исполни се што рековме ние, неговите политички противници. Ова го напиша актерот Тони Михајловски за Заев по лидерската средба синоќа.

- Смени име, продаде историја, го забетонира идентитетот и го фрли во длабокото, ја банкротираше и ја ограби државата, го предаде македонскиот народ, ја закопа иднината. Еве сега и химната е на ред. Не исполни ништо од она што тој го рече, а рече и вети многу. Освен дека ќе јаде живи луѓе, од чистачка до директор, напиша тој на Фејсбук.

За потсетување, седумчасовната лидерска средба која вчера почна во 20 часот во Собрание, заврши без договор, а камен за сопнување и понатаму е СЈО и Законот за ЈО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега