Милошоски: Договор ќе имаше ако Заев не беше нервозен за „Рекет"

Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше толку нервозен во врска со предметот „Рекет“. Ова го напиша Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашната Лидерска средба која траеше со часови во македонското Собрание.

- „Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во ‘Рекет’ е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, напиша Милошоски.

 

За потсетување, по неколку часа преговори, власта и опозицијата синоќе не постигнаа договор. Власта и опозицијата повторно заглавиле кај Законот за ЈО. 

Не се знае дали во следниов период повторно ќе има средби меѓу преговарачките тимови од двете страни. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега