Заев и Мискоцки на заедничка маса - Лидерската сеуште трае

Во Собранието уште трае средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која ќе се обидат да најдат решение за Законот за јавно обвинителство, а со тоа и за статусот на Специјалното јавно обвинителство.

Во фокусот на разговорите ќе биде Законот за јавно обвинителство, а според ВМРО-ДПМНЕ ќе се разговара и за предвремени избори што биле и услов за лидерската средба. Од Владата пак за МИА велат дека за предвремени избори ќе се види на лице место.

Покрај Заев и Мицковски, на средбата се присутни и министерката за правда Рената Дескоска и претставниците на работните групи од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега