Мицкоски пред Лидерската: Што направи Заев за да задржи барем еден човек во Македонија

Стотици семејства си заминуваат од Македонија, што направи Зоран Заев за овие три години за да задржи барем еден човек? Ова на Фејсбук пред лидерската средба вечерва го напиша лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

- Стотици огништа ќе има помалку, затоа што овие луѓе немаат ниту една причина повеќе да седат во сопствената татковина. Поразителна и болна е оваа реалност каде што нема ниту еден сегмент каде што блескаме, му се збогтиса на народот од разно-разни Заевци, Вицевци, Анѓушевци. На егзодусот мора да му се стави крај, а првиот чекор до тоа е крајот на оваа политичка каста на власт!, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега