ВМРО- ДПМНЕ Прилеп: Негрижата и неспособноста на надлежните доведе до еколошка катастрофа

Негрижата и неспособноста на надлежните доведе до еколошка катастрофа на прилепското вештачко езеро, велат во прес конференција од ВМРО- ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Прилеп

Од таму велат дека купишта изумрена риба има на брегот од езерото, кое одново остана без вода.

„Во период кога сеуште активно се работи во полињата и кога земјоделците се соочуваат со страшна суша, одново е испуштена водата во езерото и одново се предизвика уништување на рибниот фонд.

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати апелираше за ваквото катастрофално менаџирање со езерото од страна на кадрите на власта, а сега одново ги прашуваме:

Кој ќе ги надомести штетите на земјоделците кои уредно имаа потпишано договори за наводнување, а во текот на целиот летен период се соочуваа со недостиг на вода?

Зошто по втор пат се испушта водата и дали некој ќе сноси одговорност за поморот на рибите?

Каде ви е совеста и како можите да си поигрувате со трудот и маката на луѓето кои секојдневно работат по нивите за да обезбедат егзистенција на своите семејства?

Дали овој пат ќе го промените испусниот вентил на браната и дали на вистинско место ќе завршат 9 милиони денари, пари кои се предвидени за таа намена?

Наместо спортско-рекреативен центар со игралишта, патеки и место за рекреација и уживање, како што ветуваше градоначалникот Илија Јованоски, денеска езерото е претворено во пустелија, во eдно грдо место, кое повеќе никој не сака да го посети.

Уништувањето на вештачкото езеро во Прилеп е уште еден од низата скандали кои власта безуспешно се обидува да ги скрие, но како и за сепретходно верувајте дека ќе одговараат.

Ќе одговараат за сите криминали сакале и не! На Македонија и следува обнова и Македонија конечно ќе ја предводи власт која ќе гарантира правна држава за сите!“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега