ВМРО-ДПМНЕ: До кога Русковска ќе го штити Заев

Истрага за најголемата криминална афера во историјата на Македонија се претвори во класична фарса. Наместо брза разрешница и истрага која ќе дојде главата на криминалниот октопод, гледаме како Русковска и Јовевски прават се за да ја заштита криминалната рекетарска банда на чело со Зоран Заев. Ова го велат утринава од ВМРО-ДПМНЕ.

- Рускоска целосно ја компромитираше и девалвираше истрагата за случајот Рекет. Гледаме како Кики и Фрики парадираат слободни, повикани како сведоци, а впрочем целата јавност е свесна дека тие се фасцилитатори на рекетот. Jaсно е дека директивите ги добивале од Илинденска б.б. До кога Русковска ќе ја замајува македонската јавност и ќе ги штити нарачателите на милионскиот „Рекет“. Не постои човек во Македонија кој верува дека Боки 13 и Катица Јанева рекетирале сами, а дека во најголемата криминална афера во историјата на Македонија не е вмешан човек кој е три пати амнестиран за крупен криминал, велат ВМРО.

Според нив, аболицираниот Зоран Заев е главата на октоподот, тој е на чело на криминално – рекетарската банда која преку пипците, Боки Тредичи и сењора Катица рекетираше бизнисмени, политичари, македонски граѓани.

- Време е да се стави крај на трговијата со правдата, време е да се стави крај на политичкиот прогон во Македонија. Македонските граѓани заслужуваат подобро. Македонија не смее, не може и нема да биде заложник на криминалецот Заев. Казната за криминалот на власта пристигнува на следните избори, а потоа секој оној кој што се огрешил пред законот како и оние кои го амнестираат криминалот ќе одговараат, додава опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2019 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега