Пендаровски на средба со Советот на амбасадори: Заеднички да се работи за европска иднина

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Советот на амбасадорите, во која беа Љупчо Арсовски, Александра Наќева-Ружин, Мухамед Халили и Александар Тавчиовски.

На средбата, амбасадорите го информираа претседателот Пендаровски за нивните главни цели, за предизвиците на дипломатијата на Северна Македонија, како и за нивните досегашни активности во насока на успешно креирање и воспоставување на регионалната и меѓународна билатерална и мултилатерална политика, во контекст на ЕУ и НАТО интеграциите.

Претседателот Пендаровски го поздрави формирањето на здружението, изразувајќи увереност дека долгогодишното дипломатско искуство на членовите коишто го сочинуваат, ќе даде значаен позитивен придонес во функционирањето на домашните институции, во насока на дополнително зајакнување на нашата надворешна политика

На средбата, соговорниците ја нагласија потребата сите политички чинители заеднички да работат на европската иднина на државата, преку конструктивен политички дијалог, во насока на намалување на поларизацијата во општеството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2019 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега