Нема договор за надминување на буџетската криза во САД
Поради кризата која ги зафати САД, американскиот претседател Барак Обама синоќа во Белата куќа ги повика на средба водечките републикански конгресмени, предводени од спикерот на Претставничкиот дом Џон Бојнер, пренесе МИА.
Едната можност, која ја понудија републиканците, а за која и Обама се изрази позитивно, е да се донесе краткорочен буџет, со важност меѓу четири и шест недели, да се зголеми лимитот на американскиот долг и да се избегне поопасната од двете економски блокади со кои се соочени САД – забраната за нови задолжувања.
Инаку, синоќа Обама се сретна и со демократски конгресмени како Еленор Холмс Нортон, претставничка на главниот град Вашингтон која од Обама побарала да ја прифати резолуцијата со која би се овозможило финансирање на основните потреби на главниот град. Локалните власти низ САД не се многу погодени од блокадата на централната Влада, бидејќи своите потреби ги финансираат од локални давачки, а воедно му упаднала во збор на претседателот, одбила да го препушти микрофонот и инсистирала демократите да постигнат договор за финансирање на главниот град.
- Не сакав да се карам со претседателот. Мислам дека граѓаните на Вашингтон очекуваат да разговарам со претседателот, а не само да поставам прашање, изјави Нортон.
Засега не е сооштено што било договорено на средбата.