„Порно“ наставничка во скопското основно училиште „Лазo Ангелoвски“

„Учителката е избркана од училиште во Куманово, заради објавување на експлицитни фотографии и видеа. Изгуглајте, Учителката од Куманово на сајт за возрасни“- Со ваква порака од анонимен испраќач биле алармирани родителите на децата од паралелката 4-6 од основното училиште „Лазо Ангеловски“ од скопската населба Аеродром, објави „ТВ Алфа“.

Родителите рекле дека таа веќе една година работела во училиштето како замена и дека оваа вест за нив е вистински шок пред почетокот на новата учебна година, па се обратиле до директорот на училиштето Перо Арсеновски, но откако не наишле на разбирање кај Арсеновски, родителите веднаш се упатиле во Општина Аеродром, каде барале средба со градоначалникот Златко Марин.

Сепак, наместо со него, се сретнале со неговата секретарка, која според тврдењата на родителите била згрозена и ветила дека веднаш ќе го извести градоначалникот а потоа и родителите.
Додека биле во исчекување за тоа дали педагогот на 4-6 одделение ќе биде заменет со нов, еден од родителите која денеска своето дете го однел во училиште, бил пречекан од нова наставничка, која информирала дека од денеска таа ќе го превеземе раководењето со паралелката, а за тоа била известена пред половина час. Родителот ги информирал и останатите дека паралелака во која учат нивните деца има нов раководител.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2019 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега