Владата ќе ја одржи 152. седница

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 152 седница со повеќе точки од дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата ќе биде разгледана информација со препорака за организирање на обуки од страна на државните институции во Република Македонија на предлог на Агенцијата за развој на туризмот.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство министрите ќе ја разгледаат информацијата за потпишување на протокол за соработка во областа на земјоделството помеѓу нашето министерство и Министерството за земјоделство на Хашемитското Кралство Јордан.

Министрите денеска ќе разгледаат информации за учество на Република Македонија во Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија во периодот 1 јануари – 30 јуни 2019 година, за подигнување на статусот на РСМ во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот ИХРА, како и информација за пристапувањето на нашата земја во Јадранско Јонскиот регион.

На денешната седница ќе бидат разгледани информација за работата на Комисијата за спроведување на реформи во пензискиот систем и годишен извештај за примена на Законот за бесплатна правна помош во 2018. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2019 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега