Викенд временска најава - Утрата свежи, температурите паѓаат

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне до 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде 16, а максималната 35 степени Целзиусови.

И во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Наутро ќе биде по малку свежо, а дневната температура ќе биде во благо опаѓање. До недела ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер, а потоа ветерот ќе е променлив. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 07:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега