Трагедија на Голема Богородица во Скопје: Едно лице почина на лице место

Сопатникот починал на лице место, возачот тешко повреден во несреќа која се случила во Скопје, кога автомобил се забил во дрво.

На булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучка „Дијамант“ во 4 часот утрово, патничко моторно возило „алфа 147“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Ф.Б. од Скопје излетало од коловозот и удрило во дрво.

Во незгодата сопатникот Д.П.(38) од Скопје, починал на местото на настанот. Возачот Ф.Б. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Извршен е увид од СВР Скопје. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.08.2019 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега